ЗА НАС

Стемит & Р е трговско претпријатие, специјализирано за продажба на градежен оков за PVC, дрво и алумин столарија, оков за мебел, брави, кваки, АБС траки и помошни ентериерни и екстериерни елементи во градењето и производството на мебел и столарија.

Основани сме во 1989 година во Струга, а од 2003 година главната база на операции е преселена во Скопје во нов современ комплекс во индустриската зона Пинтија.

Големопродажбата и дистрибутивниот центар на Стемит & Р се наоѓаат во комплексот во Пинтија, со секојдневна дистрибуција низ целата територија на Република Македонија со сопствени возила.

Малопродажбата на Стемит & Р се извршува во продавниците во Скопје и Струга.

Нашата продавница во Скопје е лоцирана во центарот на градот на улица 11 Октомври,  Јужен Булевар.

Продавниците во Струга се лоцирани на улица Пролетерски Бригади бр. 40 спроти старата пожарна.

Ние сме застапници за Македонскиот пазар
за следните компании и брендови:


- TITAN KAMNIK - брави, цилиндри, катанци
- ALVEUS - садопери
- ROTO - оков за столарија
- LAMA - оков за мебел
- LOZ METALPRES - тавански скали и кровни прозори
- KUMPLAST - АБС траки
- BRIALMA - кваки
- ALMAR - кваки
- OTLAV - шарки за врати